Само Ставре Јада заостана минута на олимпискиот спринт

од desk2

Македонскиот знаменосец Ставре Јада убедливо го освои последното место во квалификациите за спринтерската трка со класичен стил, што беше негов прв настап на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Тој беше единствениот од 79-темина учесници кој имаше повеќе од една минута заостаток зад првопласираниот Хакола Ристомати. Финецот ја помина патеката за три минути, осум секунди и 54 стотинки, додека на македонскиот нордиец му требаа 4:23,85 минути (+1:15,31). Само уште Тариел Жаркимбаев од Киргистан трчаше над четири минути, но дури и тој беше побрз од Јада за цели 18 секунди.

Слични содржини