Самовозечки автомобил на Убер усмрти пешак

од desk2

 

Жена која ја преминувала улицата надвор од пешачки прмеин, почина откако ја удрил SUV кој Убер го користи за тестирање на технологијата за автомобили без возач.

Несреќата се случила во понеделник на 19 март во градто Темпа во Аризона, а жената починала во болница од здобиените повреди. Ова е прв пат пешак да настрада во несреќа предизвикана од самовозечки автомобил.

За време на незгодата автомобилот возел сам, но зад воланот седел контролен возач кој го надгледувал тест-возењето.

По несреќата Убер привремено ги повлече сите автономни тест возила од улиците на Аризона, но и од другите градови во САД и Канада.

Од Убер изразија сочувство до семејството на натраданата и велат дека соработуваат со полицијата за откривање на причината за несреќата.

Во март 2017 година тестирачко возило Volvo XC90 се преврте на покрив исто во Тампа по судар со друго возило, но тогаш беше утврдено дека возачот на другиот автомобил не почитувал првенство на премин.

Слични содржини