Самсоненко се повлекува од „Вардар“- што се крие во позадината?

од Vladimir Zorba

Сергеј Самсоненко – дојде во Македонија, есента 2006 година. Само неколку месеци по победата на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ на тогашните парламентарни избори. Сега најавува заминување, случајно или не, откако Груевски замина во опозиција. Блискоста со владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ не ја криеше ни самиот Самсоненко.
На македонската јавност и е познат како сопственик на обложувалниците „Бет-сити Балкан“, но и на ракометниот и фудбалскиот клуб „Вардар”.

„Јас не знам што е тоа – тајкун Тоа е погрешно мислење“ вели Сергеј Самсоненко.
За неговите бизниси во земјава, а ги има неколку во јавноста се плетат најразлични информации. Често може да се види во друштво со бизнисменот Орце Камчев, како и со поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалоков.

Кон крајот на 2014 Самсоненко влезе во млечниот бизнис, стана еден од сопствениците на млекарницата „Здравје Радово”.

Во 2015-та година компанијата „СИС Балкан ДОО Скопје“, чии основачи се Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина, во февруари 2015 година ја купија атрактивната парцела меѓу арената „Филип Втори“ и Паркот на франкофонијата во Градскиот парк во Скопје за 40 евра по квадратен метар. Пред две години ја основа авио компанијата „ Сис Авитион”, која ќе се занимава со патнични авиосообраќај. 2015 – та, Рускиот бизнисмен Самсоненко стана сопственик на „ДЦ Приме проперитис”, која ги градеше Офицерскиот дом и хотелот до домот, на скопскиот плоштад „Македонија”. Двата објекта се во склоп на проектот Скопје 2014. Самсоненко компанијата ја купи од грчкиот милјардер Димитрис Контоминас , кој првично во 2011 година го доби ова атрактивно земјиште и требаше да го гради домот.  Додека во Македонија неговата бизнис империја постојано се ширеше, медиумите пишуваа дека неговите фирми во Русија се предмет на опсервации на руските судови.

Медиумите своевремено објавуваа дека сопственикот на компанијата концесионер на СЦ „Јане Сандански” бил фирма со тајно сопствеништво во карипската држава Белизе регистриран на иста адреса со медиуми и градежни фирми поврзани со локални моќници од Македонија. Самсоненко ги демантираше тие информации.

Овдешната јавност го поврзува со ВМРО ДПМНЕ..Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, на изборите во април 2014-та година се појави во рекламната кампања на премиерот Никола Груевски и коалицијата „За подобра Македонија“.

Во 2014-та година на јавниот повик на Град Скопје, ги откупи акциите на фудбалскиот клуп Вардар, за сума од 81.000 евра. Најавите беа дека во следните десет години Самсоненко ќе управува со најголемиот македонски спортски бренд Вардар. Истата година го изгради спортскиот комплекс „Јане Сандански”, заедно со хотелот „Русија”, инвестиција вредна 15,2 милиони евра. А спроти спортскиот центар ја гради црквата „ Света Троица”.

Самсоненко е сопственик и на ракометните клубови Вардар во машка и женска конкуренција.

Слични содржини