Во следната година на пазарот може да се појават првите виткачки смартфони.Според Samsung корисниците ќе имаат интерес за овие уреди. “Индустријата верува дека во 2016 година е можна комерцијализација на виткачки смартфони”, коментира претставник на Samsung пред онлајн изданието Business Korea.zx450y250_2500186

Корејскиот гигант одамна има интерес во таа насока. Уште во 2013 година компанијата претстави видео на концептуалните проекти. Меѓу нив е и паметен телефон со голем флексибилен дисплеј кој може да се витка и да се претвора во таблет.

Изданието наведува дека LG исто така е меѓу најактивните компании во тој сегмент. Таа пак објави дека е завршено со разработката на транспарентен приказ. Тој може да е од корист претежно за автомобили, но може да најде примена и кај мобилните уреди. И двете компании  сега нудат уреди со закривени екрани. Тие сепак се фиксни во една позиција.

Идните смартфони ќе се потпираат на флексибилни екрани кои самиот корисник ќе може да ги наведнува или свитка. Индустријата сепак планира доста широка примена на овој тип екрани. Тие се очекува да влезат во читачите на електронски книги и дури и кај лаптопите. Ова ќе овозможи создавање на моќни, но многу компактни лаптопи кои можат да нудат и доволно големи екрани. Додека се дојде до нив, сепак, ќе помине малку повеќе време и пред тоа тест за интересот на корисниците кон технологијата ќе бидат токму смартфоните.

Слични содржини