„Сан“: Арсенал всушност го отпушти Венгер

од Vladimir Zorba

Арсен Венгер, всушност, беше принуден да го напушти Арсенал и беше отпуштен. Ова се наведува во весникот „Сан“.

Вчера Французинот официјално објави дека по крајот на сезоната ги напушта „Топџиите“ и беше бомбардиран со пофалби за својата работа во клубот, но според англискиот таблоид тоа се случило откако ја изгубил довербата на сопствениците на чело со Стен Кронке.

„Арсен не сакаше да замине, но беше принуден да го стори тоа, во замена за 11 милиони фунти. Ова е плата за последната година од неговиот договор“, пишува „Сан“.

Извршниот директор Ајван Газидис се изрази многу позитивно за Венгер, кој не бил задоволен од моментот на објавувањето на разделбата, но немало како да не прифати дека е подобро да си замине на тој начин, отколку да биде отпуштен по сè што е даде клуб.

Се смета дека тој нема да ја прекине кариерата, сепак, се очекува да оствари разговори со ПСЖ и Монако за позиции во клубовите, откако е близок до сопствениците на ПСЖ, а во тимот од Кнежевството работеше во почетокот на кариерата.

Слични содржини