“Сандеј тајмс”: Односите меѓу Вашингтон и Лондон се пред пропаѓање поради принцот Чарлс!

од desk2

Трамп не сака да ја посети Британија поради ставовите на крунисан принц особено за климата.


Претставници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја предупредиле официјално британската влада дека ќе биде “контрапродуктивно” да се организира средба помеѓу него и наследникот на британската круна принцот Чарлс, објави “Сандеј Тајмс”.
Причината за тоа е во големите разлики меѓу двајцата по темата за климатските промени во светот и потребата од мерки за намалување на ефектот врз планетата.

Ако тоа не биде земено предвид од британските власти, посетата на Доналд Трамп во Лондон може и да не се одржи.

Според луѓето од Белата куќа, претседателот не би сакал да слуша “предавања од принцот Чарлс” на тема глобалните промени во климата и затоа сака да се сретне со принцовите Вилијам и Хари, а не со нивниот татко.

Слични содржини