Сандра Булок му претстави во холивудското општество нов пријател – фотографот Брајан Рандал. Булок и Рандал присутни на тајната свадба на Џенифер Анистон и Џастин Теру. Ден-два подоцна двајцата биле забележани како  вечераат во ресторанот “Кај Крег” во Лос Анџелес. По сведоштва на очевидци вљубените се држеле за рацете.

140715sandrabullock315p_70415da84ab061d43450ea5c4e616f3f

51-годишната актерка и 49-годишниот фотограф се интимни веќе неколку месеци, но досега гледаа да не се гледаат  заедно во јавност. Двајцата се запознале преку заеднички пријатели, како за каде доаѓа Рандал не се знае речиси ништо. “Двајцата се многу вљубени. Брајан е многу кул и секси. Прекрасен маж е, сепак не се надува што многу им се допаѓа на Сандра. За прв пат по многу време наваму ја гледам толку среќна”, раскажува близок пријател  до двојката, кој побарал анонимност. Булок, која е добитник на Оскар, си  има досега не една или две врски. Во текот на 5 година таа беше омажена за ТВ ѕвездата Џеси Џејмс, со кого се разведе во 2010 година Пред тоа беше свршена за Тејт Донован, а уште пред тоа беше интимна со колегите Метју Макконхи и Рајан Гослинг, како и со играчот во американски фудбал Трој Ајкмен.

Слични содржини