Санкции ли? Mercedes-Benz прави огромна фабрика крај Москва

од Vladimir Zorba

Изградбата на претпријатие за производство на автомобили Mercedes-Benz започнува во село Есипово, Солнечногорски регион на Московска област.

Тоа го  пријави претставништвото на компанијата во Русија, цитирано од руските медиуми.   Првиот камен темелник ќе е на 20 јуни. Планирано е изградбата да заврши кон 2019 година .Инвестициите во проектот се за 15 милијарди рубли. Ќе бидат отворени над 1.000 нови работни места.  Во новата фабрика годишно ќе се произведуваат повеќе од 20 000 автомобили годишно. Планирано е првично да бидат произведени 4 модели.

Слични содржини