Сара Џесика Паркер: Никој никогаш не рекол „не“ на нови епизоди на „Сексот и градот“

од desk3

Иако за таквата можност се зборуваше веќе неколку пати, секогаш весели фактот на самата помисла дека има шанси за нови епизоди од култната серија „Сексот и градот“.

Кери, Самана, Шарлот и Миранда ги освоија срцата на гледачите на 6 јуни во далечната 1998 година, кога беше емтувата прва епизода на култната серија „Сексот и градот“.

download

Иако по завршувањето на емитувањето на серијата излегоа и два филма, тие не беа ни приближно популарни како шесте сезони на серијата, од која и денес се емитуваат репризи, иако нејзините љубители веќе напамет ги знаат дијалозите.

За нив секоја гласина дека ќе се снимаат нови епизоди, секогаш одново создава чувство на радост.

Ново зрно надеж во тој правец фрли самата Кери, односно актерката Сара Џесика Паркер, која изјави дела „никој никогаш не рекол „не“ на новите епизоди“.

– Не знам дали би било тоа серија или филм. Но, тоа останува отворено прашање и дискусија, која ќе продолжи додека целосно не се реши. Мислам дека дефинитивно секогаш постои можност, додаде таа.

Нешто слично изјави и акерот Вили Гарсон, кој во серијата го играше најдобриот пријател на Кери, Стенфорд .

– Мислам дека никој од нас не би рекол „апсолутно не, сакам тој дел од животот да го оставам позади себе“. Но, искрено незнам дали нешто ново може да се случи, рече Гарсон. /MИА

 

Слични содржини