Полицијата во Сараево го бара Бесим Хасечиќ, кој е осомничен дека утринава намерно го запалил неговиот стан во населбата Ченгиќ Вила, пренесува Klix.ba.

 

Foto: Tanjug
Очевидци тврдат дека сопственикот активирал бомба за да го уништи неговиот стан, а според се уште неофицијалните информации, банка сакала да му го одземе поради неплаќање на кредитите.

Еден очевидец изјавил за порталот Klix.ba, кој живее во близина на местото на настанот, изјавил дека пред пожарот ималоа силна експлозија предизвикана од страна на сопственикот.

“Бев во неговиот стан во зградата до неа, кога ја слушнав експлозијата. Погледнав низ прозорецот и видов оган, а веднаш потоа пристигнаа и пожарникари. Кога влегов во продавница, на луѓето им било кажано дека сопственикот намерно го уништил станот, фрлил бомба. Причината е, очигледно, тоа што не може да го плати кредитот, така што тие претставниците на банката дојдоа”, рекле соседите.

Слични содржини