Саудиска Арабија додели итна помош за Јемен од 2 милијарди долари

од desk4

Две милијарди долари помош ќе додели Саудиска Арабија на соседната држава Јемен, нареди саудискиот крал Салман. Во Јемен веќе две години се води сурова граѓанска војна помеѓу сунитски и шиитски групи.

 Јеменскиот премиер Ахмед Обеид бин Дагир претходно побара итна помош за да се спаси монетарниот систем на Јемен од целосен колапс. Според него парите се неопходни за да се спасат Јеменците од глад.

Саудиска Арабија и владата на Бин Дагир минатата година формираа паралелна централна банка на Јемен во пристанишниот град Аден, откако шиитските бунтовници го освоија главниот град Сана.

Слични содржини