Саудиска Арабија го надигра Трамп – саудиските пари се трансформираат во европскиот ислам и во тероризам како во Манчестер!?

од Vladimir Zorba

Мислевме дека надворешната политика на Трамп цели да ја стави на прво место Америка, а не Саудиска Арабија.

Бомбашкиот напад во Манчестер оваа недела беше уште едно ужасно потсетување дека заканата од радикалниот исламски тероризам се задржува. А, турнеја на претседателот Доналд Трамп низ Блискиот Исток одново се илустрира како земјата која е главен дистрибутер на овој тероризам – Саудиска Арабија, која сумасумарум избегнува секаква одговорност за тоа. Фактички Трамп и даде на Саудиска Арабија бесплатен пропуст и дискреција во регионот, пишува Фарид Закарија во весникот. “Вашингтон пост”.

Овие факти се општо познати. Повеќе од пет децении Саудиска Арабија ја шири својата ограничена, пуританска и нетолерантна верзија на исламот, која од почеток не се практикува речиси никаде на друго место во муслиманскиот свет. Осама бин Ладен беше арабиец, какви што беа и 15 од деветнаесетмината терористи од 11 септември.

Знаеме исто (од истечени пораки на поранешниот државен секретар Хилари Клинтон) дека во последните години саудиската влада и Катар давале “тајна финансиска и логистичка поддршка на [” Исламска држава “] и други радикални сунитски групи во регионот”. Саудијците се втори по бројност меѓу странските борци на “Исламска држава” (ИД) и по некои сметки се многу на број во терористичките операции на групата во Ирак. Кралството е во премолчен сојуз со Ал Каеда во Јемен.

ИД ги црпи своите верувања од вахабистичката верзија на исламот во Саудиска Арабија. А поранешниот имам на Големата џамија во кралството рече минатата година дека ИД ги “користи нашите сопствени принципи кои може да се најдат во нашите книги […]. Ние ги следиме истите размислувања, но ги применуваме на по софистициран начин”. Додека ИД не стане способна да напише свои учебници за своите училишта, таа ја прифатат саудиската агенда за своја.

Сега саудиските пари се трансформираат во европскиот ислам. Истечени извештаи на германското разузнавање покажуваат дека овие донации, се “тесно поврзани со владини служби” на Саудиска Арабија, Катар и Кувајт, кои финансираат џамии, училишта и имами, за да шират низ Германија фундаменталистичката и нетолерантна верзија на исламот.

Карлос Гал од “Њујорк тајмс” го опишува процесоти во Косово, поради што 500-годишната традиција на умерен ислам е скршене. “Обучени во Саудиска Арабија имами пропагираат од своите бази догме на вахабизмот: владеење на шеријатот и исто идеите за насилниот џихад и такфиризам кој повикува да бидат убивани како еретици муслиманите кои не ја следат оваа интерпретација на исламот … Хуманитарната поддршка често е проследена науслови. На семејствата им подаруваат стипендии, под услов да одат на проповедите во џамијата, а жените и девојките да се обвиткани”.

Владата на Саудиска Арабија започнала да практикува голем дел од своите скандалозни практики. Сега тоа се раководи де факто од вториот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман, кој изгледа изненадувачки прагматичен и наликува на визионерскиот лидер на Дубаи шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум. Засега реформите во Саудиска Арабија се изразуваат претежно во подобрување на економската политика на кралството, а не во кршење со моќната религиозна врхушка.

Говорот на Трамп за исламот беше суптилен и содржеше сочувство кон муслиманските жртви на џихадистичкиот тероризам (кои според една пресметка се 95 отсто од вкупниот број на жртвите).
Тој го прикажа суштината на проблемот, кога рече: “Ниту една дискусија за искоренувањето на оваа закана не би била завршена, ако не се спомене владата, што им обезбедува на терористите азил, финансиска помош и социјалниот статус, потребен за врбување”.

Трамп сепак зборуваше не за својот домаќин Саудиска Арабија, а всушност за Иран. Јасно е дека сега Иран е дестабилизирачки сила на Блискиот Исток и поддржува некои многу лоши играчи. Вонредно непрецизно е сепак тој да биде одлучувачки како извор на џихадистичкиот терор.

Според анализи на “Глобалната база на податоци за тероризмот” од Леиф Венар од “Кингс колеџот” во Лондон над 94 отсто од смртните случаи како последица на исламски тероризам од 2001 година се извршени од ИД, Ал Каеда и други сунитски џихадисти. Иран се бори со овие групи, а не ги поддржува. Речиси секоја терористички напад на Запад има некаква врска со Саудиска Арабија. Фактички ниту една не беше поврзана со Иран.

Трамп ја зазеде саудиската позиција за тероризмот, која отстапува секаква вина од кралството и го пренасочува кон Иран. Саудијците ги превртеаа неискусните преговарачи на Трамп со манифестации на почит, договори за оружје и донации за фонд кон Светската банка, инициран од Иванка Трамп.

Во 2016 година, кандидатот за претседател Трамп напиша на Facebook: Саудиска Арабија е една од многуте земји кои дале големи суми пари на Фондацијата “Клинтон”, ги држат жените како робинки и убиваат хомосексуалците. Хилари треба да ги врати сите пари од овие земји! “). Накратко кажано, Саудијците го надиграа Трамп.

Сега САД се вклучија кон надворешната политика на Саудиска Арабија – незапирливите битки против шиитите и нивните сојузници низ целиот Блиски Исток. Ова ќе го вовлече Вашингтон во бескрајни верски борби, ќе ја зајакне регионалната нестабилност и ќе ги усложни односите со држави како Ирак, кои имаат добри односи со двете страни.

Најважно е дека нема да направат ништо за справување со директната и континуирана закана за Американците – џихадистичкиот тероризам. Јас мислев дека надворешната политика на Трамп цели да ја стави на прво место Америка, а не Саудиска Арабија.

Слични содржини