Савески: Ќе има ли еден аршин за Богоевски, друг аршин за обвинетите од Левицa

од desk4

Познатиот активист д-р Здравко Савески ја поздрави одлуката на Обвинителството да не го гони Павле Богоевски, но порача дека треба да се има еднаков пристап и кон членовите на Левица, кои се исто така обвинети поради активностите во Шарената револуција. Во пост на неговиот Фејсбук-профил рече дека ако членовите на Левица, чиј основач е тој, не бидат еднакво третирани како Богоевски, тоа ќе значи дека со критичарите на власта се постапува по друг аршин.

„Обвинителството нема да го гони Павле Богоевски. Правилен потег. Немаше основа за кривично гонење. Но, во контекст на тоа што кривичната постапка против нас, членовите на Левица, поради нашето учество во протестите во 2016 година, се уште трае – да се повлече обвинението против Павле Боговски, а да не се повлече против нас – ќе да тоа посочува на двојни аршини. За тој што е во власта еден аршин, а за тој што критикува друг аршин“, напиша Савески.

Поранешниот универзитетски професор реагира и дека судскиот процес против него се развлекува безмалку две години, а како што вели, може да продолжи и до 10 години постојано малтретирање со влечкање по судови.

„На 25 јануари повторно ќе се појавам на суд. Судскиот процес трае без малку 2 години, а постапката е буквално на самиот почеток. Ќе дочекам пресуда за помалку од 10 години или во мојот случај на тој начин ме казнуваат за критиките кон претходната и кон сегашната власт – со влечкање по судови што е можно подолго?“, прашува Савески.

Слични содржини