СДСМ: Да престанат опструкциите на граѓанската волја

од Vladimir Zorba

СДСМ денеска соопшти дека парламентарното мнозинство, како што истакнува, избрано на легитимни избори од околу 700.000 граѓани, ќе постапи според уставните должности и ќе избере нов собраниски претседател и нова реформска Влада.

– Парламентот и сите институции имаат обврска да го овозможат формирањето на владата низ мирен трансфер на власта. Секоја институција и секој поединечно мора да биде свесен дека постапувањето спротивно на државните интереси е погазување на Уставот и правото и загрозување на стабилноста на Македонија и повлекуваат одговорност, се вели во соопштението од СДСМ.

Секое дело спротивно на државните интереси, додава СДСМ, е противуставно и казниво и опструкциите да се реализизира мнозинската граѓанска волја мора веднаш да престанат.

– Македонија ќе ја добие новата реформска влада што ќе обезбеди владеење на правото, квалитетен живот за сите и евро-атлантски перспективи, соопшти СДСМ.

Слични содржини