СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Некој ќе се шета со слушалици, некој со лисици!

од Vladimir Zorba

 

Од денешната конститутивната седница: Господине претседавач, многу неразбирливо зборувате па морам да носам слушалици за превод од македонски на македонски, му упати критика Максим Димитриовски од СДСМ на претседавачот со конститутивната седница Трајко Вељаноски. Вељаноски му реплицираше дека како тргнале СДСМ, ќе им требаат слушалици и надвор од собраниската сала, на што од пратеничката група на СДСМ дофрлија дека некој ќе се пета со слушалици, а некој со односно лисици. И денешното, трето продолжение на конститутивната седница на која точки на дневен ред се изборот на претседател и членови на Комисијата за избори и именување, тече во ист стил како и претходните две, со реплили, контрареплики и процедурални забелешќи помеѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини