СДСМ: Документ веќе има, Груевски може да се подготви единствено за опозиција

од desk2

Никола Груевски може да се подготви единствено за опозиција и за соочување со правдата, ефектите од неговите документи граѓаните ги почувствуваа, се вели во реакцијата на СДСМ на интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за „Канал 5“.

– Сега, пред целата домашна и меѓународна јавност има конкретен документ зад кој стојат околу 700.000 граѓани на Македонија. Тоа е програмата на новата реформска влада на унитарна Македонија, која гарантира квалитетен живот за сите граѓани, правда за сите, заедништво и реформи за евроатланските интеграции. Таа програма го разобличува Груевски и тоа го потресува, бидејќи му ги одзема сите лажни вести – стои во соопштението на СДСМ.

Од партијата нагласуваат дека Груевски мора веднаш да се повлече од насилната реторика, да престане да шири немир и поделби кај граѓаните за непостоечки теми и да ги малтретира луѓето да ги бранат неговите криминали.

– Тоа што тој го прави е неговата паника и хистерија пред соочувањето со одговорноста. Македонија мора да оди напред. Ќе има продолжение на конститутивната седница на Собранието, нов претседател на Собранието, мандат за составување влада и нова реформска влада. Така избраа граѓаните и тоа Груевски повеќе не може да го спречи – велат од СДСМ.

Слични содржини