СДСМ: Долгот што ВМРО-ДПМНЕ им го остави на граѓаните е намален за 55 милиони евра

од Vladimir Zorba

ВМРО-ДПМНЕ покажува срамно непознавање и лаже кога вели дека Владата создала долг од 4,5 милијарди денари, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека „со аукциите на домашниот пазар, нето-задолжувањето од први јуни до денес изнесува 1,8 милијарди денари, односно околу 30 милиони евра.“

„Истовремено, вратен е надворешен долг од 75 милиони евра, а за 55 милиони евра е намален вкупниот долг што ВМРО-ДПМНЕ им го остави на граѓаните.Владата предводена од СДСМ за прв пат во историјата го објавува целосниот долг на државата на увид пред граѓаните, а истовремено започнува и сериозен проект со Светска банка за разрешување на овие долгови. Долговите што ги остави ВМРО-ДПМНЕ се враќаат, се намалуваат, парите се насочуваат кон граѓаните, а јавноста навремено е информирана за начинот на кој Владата управува со нивните пари“, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини