СДСМ: Доцна е за Груевски и МОН, СДСМ ќе изгради нов студентски дом во Штип до крајот на 2017

од Vladimir Zorba

timthumb-2

Соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ и на Министерството за образование, како и скапите кампањи во преплатените медиуми нема да ја променат состојбата на терен. А таа е поразителна.

По 10 години власт, студентите се уште учат во мизерни услови. Додека Груевски беше занесен во лажниот барок и провизиите, студентите преживуваа во студентски домови кои се распаѓаат.

Дури откако самите се организираа и испратија фотографии кои ги обиколија светските медиуми, Груевски призна дека студентите се во право, па тогаш вети реконструкции.

Сега е доцна за Груевски. Новата влада на СДСМ веднаш ќе се зафати со решавање на катастрофалните состојби наследени од лошото 10-годишно владеење. Она што ВМРО-ДПМНЕ не го направи за 9 години во Штип, новата влада ќе го заврши до крајот на 2017 –  студентите ќе добијат нов студентски дом со 300 легла.

Скопје, 19.07.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Слични содржини