СДСМ: Големите промени не се лесни и не се случуваат наеднаш

од Vladimir Zorba

Празниците како овој голем христијански празник, Христовото Воскресение – Велигден, се поттик да се потсетиме на нашите должности како граѓани, се вели во денешното соопштение од СДСМ.

„Тоа значи грижа за себе, но и почит, грижа и разбирање и за луѓето со кои го споделуваме животот. И одлучност за развој на државата во којашто живееме, во општество каде секој може да биде среќен. Македонија ја има шансата да се придружи на демократскиот свет. Граѓаните на Македонија се пред шансата да го живеат својот живот, по своја сопствена волја, без директиви, уцени, притисоци, спокојно и среќно“, се вели во соопштението,

Од партијата наведуваат дека ниедна голема промена не е лесна и дека не се случува наеднаш.

„Заедно ги почнавме промените што водат до квалитетен живот за сите, правда, слобода, еднаквост и заедно треба да ги овозможиме. Одлучивме да живееме заедно. Избравме живот за сите. Тоа значи дека сме свесни за тоа што ни е потребно. Но, тоа значи и обврска заедно да ги понесеме промените. Промени ќе има. Тие го носат животот што го посакуваме“, велат од СДСМ./МЕТА

Слични содржини