СДСМ: Груевски и соработниците бараат поврзаност и таму каде што не постои

од desk2

Проблемот на Никола Груевски и неговите соработници е што тие се препознаваат во секој за кого постои сомнеж дека е дел од какви било криминални активности, па затоа Груевски и соработниците имаат потреба да наоѓаат поврзаност и таму каде што не постои, се вели во реакцијата на СДСМ на денешната прес-конференција на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во врска со случајот за кој зборуваше соработникот на Груевски, Орце Ѓорѓиевси, на прес-конфернцијата денеска, ставот на СДСМ се јасен. Ја охрабруваме полицијата да го расчисти случајот до крај и секој кој работел спротивно на законот да понесе соодветна одговорност. Во Македонија мора да има и ќе има правда“, стои во соопштението на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција, на која говореше Орце Ѓорѓиевски, го обвини СДСМ и неговиот лидер Зоран Заев дека се блиски и соработуваат со лица од криминалното подземје, а во врска со последната полициска акција, спроведена вчера против лица од Прилеп, Битола и Арачиново.

Слични содржини