СДСМ: Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да соберат храброст и да се соочат со правдата

од Vladimir Zorba

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да престанат да бегаат од правдата, да се ставаат над законите и правниот поредок и мора да соберат храброст да се соочат со одговорноста за напревните штети врз граѓаните и државата, се вели во реакцијата на СДСМ, на прес-конференцијата на Груевски по повод обвиненијата што денеска ги поднесе Специјалното јавно обвинителство.

„Граѓаните имаа можност да го чујат, видат и почуствуваат криминалното и антидржавничко владеење на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, кога преку криминал, корупција, насилство, притисоци и сеење омраза и поделби, ракововодството на ВМРО-ДПМНЕ криминално се богатеше на сметка на осиромашените и угнетени граѓани. Денес, кога се соочени со одговорноста за направените дела, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ преку лаги, конструкции и манипулации се обидуваат да избегнат одговорност за сè она што го сториле“, стои во соопштението на СДСМ.

Од владејачката партија порачуваат дека сите, вклучително и Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, мора да одговораат за своите постапки пред независен и професионален судски систем.

„Пред правдата сите мора да бидат еднакви и тоа важи и за Груевски и за ВМРО-ДПМНЕ. Врвен национален интерес за сите граѓани е враќање на правдата и правниот поредок во државата. Македонија мора да биде и ќе биде правна држава во која законите ќе важат за сите подеднакво без разлика на нивната етничка, верска, политичка или каква било друга определба“, порачуваат од СДСМ.

Слични содржини