images
„Никола Груевски се изгуби по масовниот натпартиски граѓански мултиетнички протест, поддржан од над 100.000 граѓани на Репубика Македонија“, стои во денешното соопштение на СДСМ.
„Сите тие граѓани, независно од различностите по етничка, политичка или друга природа, жртви на неговите себични, сурови и крминални политики, му ја испратија пораката на Груевски дека е прочитан како Буквар.

Дополнително, Груевски го вознемирува погледот кон Кампот на слободата пред прозорецот на неговиот кабинет во Владата, што секојдневно го потсетува на неговата неспособност да го постигне достижното, единството на граѓаните Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и други кои имаат само еден проблем – Никола Груевски.

Затоа, лицемерниот патриот Груевски, преку медиумските одработувачи, манипулира на картата на национализмот, се обидува да креира безбедносни кризи, измислува мајдански сценарија.

Ставот на СДСМ и на претседателот Зоран Заев е кристално јасен и познат за јавноста . Со Устав и Закон е дефинирана употребата на Македонскиот јазик и на јазиците на заедниците. Она што е предвидено со Уставот и законите треба да се почитува.

Не поминува Груевски! Готово е! Заминувај“, стои во соопштението на СДСМ.

Слични содржини