СДСМ: Груевски земаше милиони евра провизии за автопатиштата

од desk2

Лицемерно и очајнички е Никола Груевски, човекот што ја презадолжи државата за остварување на сопствени лукративни интереси, денес да глуми загриженост за состојбата во економијата, се вели во реакцијата на СДСМ, на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски дека економијата стагнира.

Од партијата исто така велат дека „лицемерно и очајнички е човекот што договараше и земаше милиони евра провизии за автопатиштата, денеска да зборува за нивната изградба.“

„Владата предводена од СДСМ ја унапредува инфраструктурата и ги санира милионските штети на автопатиштата што се директна последица на неспособноста на претходната Влада и на криминалните апетити на Груевски. Преку одговорното работење на Владата, државата се раздолжува, а парите на граѓаните наместо за барок, палми, тркала и споменици, се користат за поголема минимална плата, повисоки пензии, за помош за стечајците и за зголемена финансиска поддршка на домашните претпријатија“, се додава во соопштението.

Слични содржини