СДСМ И ВМРО реагираа за смените во Кривичниот суд

од desk2

На смените во скопскиот Кривичен суд регираa СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Според опозициската партија, станува збор за обид за спречување на правдата и порачаа институциите да не се вовлекуваат во заштита на криминалната власт во заминување „Ќе има целосен реизбор на судии. Судиите ќе работат во заштита на граѓаните, а не по партиски директиви како досега. Затоа сите обиди на криминалците и надежи, дека може да ја избегнат правдата се јалови, наведоа од СДСМ. Од ВМРО пак, обвинија дека СДСМ го штити криминалот и врши притисок врз судството. „Судството не смее да потклекне пред заканите на СДСМ. Судиите мора да го задржат професионалниот кредибилитет и интегритет и да судат по закон без разлика на заканите за нивно разрешување ако не се покорат на волјата на Заев“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе има целосен реизбор на судии. Судиите ќе работат во заштита на граѓаните, а не по партиски директиви како досега. Затоа сите обиди на криминалците и надежи дека може да ја избегнат правдата се јалови.“ – соопштија од СДСМ

„Судството не смее да потклекне пред заканите на СДСМ. Судиите мора да го задржат професионалниот кредибилитет и интегритет и да судат по закон без разлика на заканите за нивно разрешување ако не се покорат на волјата на Заев.“ – соопштија од ВМРО ДПМНЕ

Слични содржини