СДСМ: Изборите беа регуларни, ВМРО-ДПМНЕ да го признае поразот

од desk2

Во Република Македонија по долг период за првпат имаше фер, регуларни и слободни избори на кои граѓаните гласаа по сопствено убедување и без притисоци. Резултатите покажаа како изгледа Македонија кога граѓаните гласаат слободно и кога целосно се почитува нивната избирачка волја, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ треба да се осмели, да им честита на граѓаните за мирните и фер избори и да го признае изборниот пораз. „Надлежните институции постапуваат согласно со надлежностите и во интерес на сите граѓани. Токму брзата реакција на институциите придонесе за навремено и ефикасно расчистување на малиот број инциденти“, се додава во реакцијата.

Слични содржини