СДСМ ја остави „Македонски железници“ на цедило, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

од desk2

СДСМ имаше доволно време да покаже грижа за вработените во железницата и целокупно железничката инфраструктура и сообраќај, но наместо тоа отпушти голем дел од вработените, а компанијата ја остави на цедило, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на Благој Бочварски од СДСМ.

„Оваа Влада предводена од ВМРО–ДПМНЕ нема да дозволи СДСМ да си поигрува со вработените во железницата. Заеднички со менаџментот на двете компании во најбрз можен рок ќе се изнајде решение за надминување на состојбата. Само во последните три години владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ од буџетот на Република Македонија издвои над 1 милијарда денари директна помош за работењето на железницата“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според, партијата лицемерните прес-конференции на СДСМ се уште еден доказ за манипулациите што ги прават врз вработените и ги поттикнуваат на нетрпеливост и блокада на железничкиот сообраќај.

Слични содржини