СДСМ: Ќе има ревизија на парите потрошени од Груевски

од desk3

Следува период во кој новата Влада ќе ги преиспита сите задолжувања што ги направи досегашната власт изминативе години на крајно нетранспарентен начин. Исто така ќе биде спроведена и темелна ревизија на сите нетранспаретни трошења на пари на граѓаните од Буџетот на Р.Македонија што ја крахираа економијата.

Никола Груевски и неговите соработници заминуваат од власт оставајќи јавен долг во висина од скоро 5 милијарди евра. Пред 11 години, во 2006 година јавниот долг изнесуваше 1.8 милијарди евра. На девизната депозитна сметка Груевски затекна над 250 милиони евра.

За сите злоупотреби на пари на граѓаните ќе следува одговорност!

Новата и одговорна Влада ќе ја подигне економијата и транспарентно и отчетно ќе раководи со јавните финансии“ се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини