Прес конференциите и трибините на кои ќе се објавуваат снимените материјали, кои како што велат од опозицијата, ги докажуваат криминалите и начинот на работење на власта, ќе се одржуваат во повеќе градови низ државата.

91897-127198

Вака, велат од СДСМ, „Вистината за Македонија“ ќе можат да ја чујат повеќе граѓани-информира А1он.

На овој начин, велат, ќе се види како се избирани и што и како работат некои од градоначалниците. Од СДСМ ги посочуваат градоначалниците на Прилеп, Марјан Ристески, битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Од СДСМ се решени, на граѓаните на Кичево да им покажат како е правен пазарот со македонските гласови, но и тоа како власта според СДСМ го продала Кичево во замена за гласови во Скопје, Прилеп и Битола.

Ќе се открие и кој ги пазарел и носел гласачите од Пустец.

 

Извор: А1он

Слични содржини