СДСМ остава можност да не учествува на изборите на 5 јуни, иако функционерите на партијата тоа експлицитно не го потврдуваат.

Тие денеска на брифинг со новинарите уште еднаш повторија дека „ќе учествуваат само на кредибилни и демократски избори“.

sdsm2

Што се однесува до шпекулациите за реформите во сферата на медиумите кои според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски нема да продолжат, од опозициската партија демантираат дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ добил такви гаранции.

– Од учесници во преговарачкиот процес на ВМРО-ДПМНЕ со меѓународните претставници, дознаваме дека Груевски не добил такви гаранции од амбасадорите на САД и на Европската унија. Реформи во медиумите мора да има, а тоа освен со Договорот од Пржино е предвидено и со извештајот на Прибе – брифира висок функционер од СДСМ за „Мета“.

Хан му твитна на Груевски: Потребни се и медиумски реформи за кредибилни избори на 5 јуни

Од партијата велат дека техничката влада со нивни министри и понатаму ќе функционира, а во однос на изјавата на американскиот амбасадор, Џес Бејли за медиумите, од СДСМ дообјаснуваат дека, тој се обидел да додаде нов момент на преговарите и да го сврти вниманието кон самите медиуми.

Од СДСМ се оптимисти дека целиот процес ќе биде завршен успешно за да може да има фер и кредибилни избори.

 

META

Слични содржини