СДСМ: Мицкоски да му се извини на секој граѓанин за пустошот што го направи неговата партија

од desk2

„ВМРО-ДПМНЕ е автор и симбол на кризите, насилството, конфликтите и меѓуетничките поделби, политики коишто се единственото наследство што таа партија им го остави на граѓаните и општеството“, стои во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Граѓаните се поголеми и посилни од поделбите. Македонија веќе расчисти со поделбите на ВМРО-ДПМНЕ и затоа опозициската партија мора да престане да предизвикува насилство и да се откаже од организирање протести кои шират говор на омраза кон поддржувачите на концептот едно општество, односно кон мнозинството граѓани во Македонија.

 

Христијан Мицкоски треба да отиде во секој град и секое село, да тропне на секоја врата, да ги види штетите од 11 годишното криминално владеење на неговата партија и да му се извини на секое семејство за пустошот што го направија. Мицковски должи извинување за 11 години притисоци и закани кон граѓаните, за украдените избори и за украдените пари од граѓаните, смета владејачката партија.

 

Слични содржини