СДСМ: Мицкоски да одговори на прашањата за неговото раководење со АД ЕЛЕМ

од Vladimir Zorba

„Христијан Мицкоски седум дена се крие од јавноста и не дава одговори на прашањата поврзани со договорите вредни 10.5 милиони евра, склучени во неспоредни спогодби, во период кога тој раководел со ЕЛЕМ, а неговата партија ВМРО-ДПМНЕ неколку денови измислува скандали и шири лажни вести за работата на АД ЕЛЕМ.

Иако АД ЕЛЕМ јавно, аргументирано и транспрентно ги демантира лажните вести, ВМРО-ДПМНЕ очајнички продолжува да измислува наводни скандали во обид да ги прикрие информациите поврзани со работењето на нивниот претседател Мицкоски во времето кога раководел со АД ЕЛЕМ.

ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека наместените тендери, незаконското работење и партизацијата на државните и јавните претпријатија заврши со нивното заминување во опозиција. АД ЕЛЕМ, РЕК Битола и останатите државни и јавни претпријатија работат одговорно, отчетно, домаќински и во интерес на државата и нејзините граѓани,“ се вели во партиското соопштение на СДСМ.

Слични содржини