СДСМ нема да учествува на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 5 јуни. Оваа одлука ја соопшти лидерот на партијата, Зоран Заев неколку минути откако спикерот на Собранието, Трајко Вељаноски го распушти Собранието.

-конференција-на-претседателот-Зоран-Заев

– Македонијо, без слободни избори нема слобода. Со месеци заедно се бориме за слободни избори и за принципот еден човек еден глас. Договорот од Пржино беше потпишан за тоа да се обезбеди. Никола Груевски постојано го рушеше Договорот од Пржино. Избирачкиот список не се прочисти, медумите не се рефрмирани. За нас зборот е збор. Не се отккажуваме од принципите. Во име на тој збор и на тие принципи СДСМ нема да учествува на овие избори. Во изминатите месеци граѓаните на Македонија видоа и слушнаа дека ВМРО-ДПМНЕ не го почитува Договорот од Пржино за да го заштитат својот криминал. За да останат на власт продоложуваат со криминалот и корупцијата и не бираат средства – изјави Заев.

Веднаш по соопштувањето  на ставот лидерот на СДСМ одговараше на новинарски прашања. Еве ги интегрално сите прашања и одгвори на ноќешниот прес во СДСМ

 

сдсммм 

П1: Што понатаму господине Заев? Собранието се распушти, оставките на вашите министри не се прифатени. Што понатака?

Борбата за слобода и демократија во оваа наша земја продолжува. Остануваме верни на принципите, чист Избирачки список, регулација на медиумите и разграничување на партијата од државата. Тоа се целите на Договорот од Пржино и тоа се минимум условите за организирање на фер, демократски и пред се, регуларни избори во Република Македонија. Ние остануваме овде да се бориме, секојдневно со сите можности коишто ни стојат на располагање, сето она што демократијата, сето она што Уставот и законите го дозволуваат.

 

П2: Како тоа ќе го направите? Веќе нема да бидете нели дел од институциите. Колку е тоа изводливо?

Секогаш постојат начини да се избориме за слобода. Секогаш постојат начини да се избориме за демократија. Нашата цел е искрена и исконска, се вика Македонија.

 

П3: Очекувате ли Катица Јанева да биде укината од Уставниот суд?

Сето она што го прејудицира јавноста, еве и вие го прашувате, можно е во нашата Македонија. Никола Груевски и се е можно. Така да остануваме да се бориме сите, рамо до рамо, со целата демократска јавност во нашата Македонија, заради тоа што секој родољуб, секој верен поддржувач на слободата и демократијата знае дека без слободни избори не може да се дојде до таа толку посакувана слобода и демократија. Продолжуваме да се бориме без разлика на што се е спремен овој автократски режим. Ние заедно со граѓаните ќе ја вратиме слободата и демократијата во Македонија.

 

П4: Дали ова значи дека вашите министри ќе учествуваат во организација на изборите пошто вие не ги признавате и нема да учествувате?

Нашите министри многу навремено денеска ги поднесоа своите оставки заедно со дополнителните заменици министри. Секако одлуката видовте не зависи од нас. Некој се дрзна во заложништво да држи луѓе во Влада којашто има намера да спроведе криминални избори. Ние ќе направиме се, нашите министри да не бидат во таа Влада, којашто има намера да организира уште едни криминални избори во Република Македонија.

 

П5: Меѓународната заедница дали е информирана за вашава одлука? Нивното мислење, став?

Меѓународната заедница цел ден беше во контакти со опозицијата. Информирани се за сите детали. Сето тоа што беше на повидок и денеска на јавноста преку отворената седница на Државната изборна комисија. Имате повеќе од половина незатекнати граѓани дома, при теренската проверка. Не повеќе од 25% Државната изборна комисија и јавните институции ги доставиле податоците, за коишто роковите поминаа уште претходната недела.124 илјади се констатирани дека се сомнителни гласачи, никој не кажува зошто тие не се проверуваа а се констатирани во вкупната бројка од 330 илјади гласачи. Никој не кажува која е алатката на ДИК да ги избрише сите оние, коишто по закон не треба да бидат во Избирачкиот список. Без дадените одговори не може да има чист Избирачки список. Без прочистување на Избирачкиот список нема регуларни избори. Нерегуларни избори опозицијата не смее да си дозволи да учествува.

 

П6: Какви се шансите во следните денови да се дојде до промена на оваа одлука и сепак да учествувате на изборите?

СДСМ повеќе од еден месец повикува учество на 5ти јуни на избори. И тоа  е наша јасна определба. Ние го нарачавме целиот рекламен материјал за изборите, ја испечативме нашата Програма, флаери, брошури во преку 500 илјади примероци. Ние сме комплетно организирани во штабски структури,  три пати повеќе присутни сме на терен од ВМРО-ДПМНЕ. Но, ако опозицијата не се бори за регуларни, фер и демократски избори, кој ќе се бори во оваа земја? Оваа борба да, е за власта да падне, бидејќи е автократска и режимска. Но без регуларни, фер и демократски избори, нема шанси Македонија, нема иднина Македонија. Секој момент кога ќе бидат исполнети условите за регуларни, фер и демократски избори, а тоа го заслужува секој граѓанин на светот, така и на нашата Македонија. Опозицијата ќе оди на избори и ќе победи на тие избори.

12932557_10209061442642189_3804171446513683872_n

П7: Најавивте прес конференција во 19:00 часот и ја откажавте. Зошто ја откажавте? Дали имаше притисоци да ја прифатите одлуката и да одите на избори?

Ние до последен момент оставивме можност на аргументите и фактите. Разговаравме со пријателите на Македонија. Европската Унија и САД и сите амбасадори и сите амбасадори коишто се овде присутни секако водени од желбата да и помогнат на нашата Македонија. Јас тврдам дека целиот дипломатски кор е со искрени намери кон нашата Македонија. Фала Богу имаат убава намера за нашата Македонија, но тие можат само да помогнат. Одлуките ги носат граѓаните секако и политичарите и политичките партии. Не може шефот на опозицијата да затвори очи пред тоа што го гледа. Не може да ги затне ушите на тоа што го слуша, не може да премолчи пред фактите. Шефот на опозицијата и цела опозиција може и мора да ја завршат својата работа. Само тоа е сериозна и конечна гаранција дека во Македонија има шанси да се организираат фер, регуларни и демократски избори.

 

П8: Дали остануваат вашите министри во Владата? Дали утре Оливер Спасовски е повторно министер за внатрешни работи, Фросина Ременски за труд и социјална политика?

Нашите министри преку недвосмислени оставки повлекоа чекор за нивно повлекување. Ќе го прашате Никола Груевски и парламентарното мнозинство зошто ги држи во заложништво. Нашите министри немаат намера да учествуваат во Влада којашто има намера да организира нерегуларни, нефер и недемократски избори или тоа е еднакво на криминални избори.

 

П9: Нема да ги спроведуваат своите функции? Нема да одат на работа?

Веќе одговорив на вашето прашање.

 

П10: Како ќе се поставите со вашите членови во ДИК? Дали тие ќе се повлечат?

Утре имаме состанок со нив уште еднаш да ги видиме сите аргументи и факти. Ние ја следевме јавната седница. Знам дека понатаму продолжуваат контактите, комуникациите и слично. Ќе ги видиме сите факти и аргументи кои се на располагање и секако една од поизвесните одлуки е нивно повлекување, но штом ќе ја донесеме одлуката веднаш ќе ве информираме.

 

П11: На кој начин ќе се борите за демократијата? Имате ли други материјали затоа што нели веќе е прекршен Договорот од Пржино? Која е стратегијата за понатаму?

Се што ни стои на располагање согласно Устав и Закон опозицијата ќе го примени. Конечната цел ние ќе ја постигнеме. Слободна и демократска Македонија ќе доживееме сите и тоа многу брзо.

 

П12: Дали е можно продолжување на проектот Вистината за Македонија?

Се што е дозволено по Устав и по Закон опозицијата ќе употреби.

 

П13: Дали очекувате собранискиот спикер утре да ја потпише одлуката или може да ја пролонгира до 17-ти?

Реално тоа што го најави јас можам да го коментирам. Во некое свое обраќање Трајко Велјановски најави можно одлагање на распишувањето на изборите. Така да тој ги знае секако неговите ставови по ова прашање.

 

П14: Рековте дека е извесно повлекување на членовите од  ДИК, но сепак не кажувате сигурно? Дали сепак е тоа некаква мала шанса, мал простор којшто сепак го оставате бидејќи ако продолжат тие да работат вие сепак се надевате дека може да има прочистување на списокот?

Максималните рокови по сите теоретски можности квлучувајќи и одлука на Трајко Велјановски да го одложи согласно закон распишувањето на изборите, тоа е 15-ти и еве 16-ти не ме фаќајте за збор. Член 43 став од Изборниот законик вели: Сите податоци институциите се должни да ги достават до ДИК во форма на конечен Избирачки список што значи до 16-ти. ДИК работи. Секако ние ќе ги консултираме ДИК во делот на намерата и интенцијата на нашите членови и утре ќе ја донесеме одлуката. Но, сето тоа што го знаеме како следуваат процесите, како тоа може да биде завршено во соодветен рок согласно соработка на институциите, согласно тоа што МВР треба да го достави и да се оди дополнително на терен, согласно одлуката на сите тие што не се најдени на дома, а ДИК мора да одлучи кој дополнително ќе ги провери, кој ќе ги избрише, кој ќе ги распореди со астерикс и ѕвездичка како дијаспора како избирачи. Согласно одлуката за 124.000 избирачи коишто треба да се проверат затоа што се констатирани за сомнителни, и согласно можноста има или нема алатка, да се бришат сите коишто по закон нетреба да бидат во избирачкиот список. Тоа е тоа што ДИК денеска го констатираше во извештајот којшто го усвои за сите овие прашања. Не може политички да се надгласа или со политичка волја, да се наметне било кој врз аргументите и фактите. Аргументите и фактите кажуваат дека и максималните рокови да се искористат до 16-ти нема проверка и чист избирачки список, тоа е последниот датум за проверка на избирачкиот список. Имајќи го во предвид дека денска се распушта Парламентот, а знаеме дека не се стига до последниот датум, достапен е извештајот до сите новинари, мислам дека е  и објавен на веб-страницата самиот извештај, секој може да заклучи освен Никола Груевски, дека Парламентот и треба на ДИК. И треба на ДИК независната државна институција којашто заедно ја избравме да си го доработи својот дел, тие одлучија да го распуштат Парламентот. Бевме принудени да ги поднесеме своите оставки, поборници остануваме до крајот на принципите за коишто се залагаме, заради тоашто неможе Фросина Ременски и Оливер Спасовки и тројцата дополнителни заменци –министри да останат заложници внатре, на едноумието коешто сака Никола Груевски да го наметне. Ако избравме независни институции треба да им дадеме фер шанса да ја завршат својата работа. Така да секој ден сме тука согласно сите одлуки веднаш ќе бидат соопштени и граѓаните преку вас, новинарите и медиумите ќе ги знаат директно од прва рака од медиумите.

 

П15: Дали договорот од Пржино е мртов?

Не можам да кажам дали договорот од Пржино е мртов. Знам дека Парламентот се распушти без да бидат обезбедени минимум условите согласно договорот од Пржино. Тоа значи, без прочистен избирачки список, без регулација на медиумите и без разграничување на партијата од државата. Остануваат деновите пред нас, да ги се димензионираат сите политики пред нас, на опозицијата, но и на власта, согласно тоа сите можеме на крајот да извлечеме констатации и заклучоци.

 

П16: Договорот беше меѓу Меѓунардоната заедница, а сега спомнавте во неколку наврати дека, имало обиди или констатации, дали можете да ни откриете дел од тие обиди?

Знаете како консултациите беа секако во полза на организирање на регуларни избори, заради тоашто фер и демократски избори ја изгубија последната шанса со одбивањето на законот. Со регулација на медиумите се добива фер и демократски избори и со разграничување на партијата од државата, но со прочистен избирачки список се добива регуларни избори. Ние денеска разговаравме за можноста за регуларни избори, секако сите аргументации беа тргнати на страна. Дадовме шанса, гледате држиме прес-конференција после 23 часот, до последен момент заради иднината на Македонија.

 

П17: Дали имате чувство дека Меѓународната заедница потфрли во последен момент за тоа што му дадоа зелено светло на Груевски и Ахмети да одат на избори?

Мислам дека, Меѓународната зедница не е таа којашто дава зелено светло или црвено светло, тие своите ставови ги соопштуваат јавно, секој пат. Дури и во последните свои интервјуа на двајцата амбасадори на САД и ЕУ, ги испратија повторно пораките, дека ДИК  е таа што одлучува, дека граѓаните се тие што одлучуваат, и дека Македонија мора да има регуларни, фер и демократски избори. И, покрај тоа што го потенцираа датумот 5 јуни, но согласно тоа што го соопштија. Власта со распуштањето денеска, утврди пркос кон тоа што го соопштува континуирано Меѓународната заедница. Неможе САД и ЕУ да бидат против Универзалните вредности, против Европските вредности. Неможат да бидат против  условите за обезбедување на фер, демократски и регуларни избори. Тие можат единствено да останат на линијата на борбата за заслужено, тоа што граѓаните на Македонија треба да го имаат, а тоа е да дочекаат регуларни, фер и демократски избори.

 

 

 

 

Слични содржини