СДСМ: Нова Влада ќе има, Иванов да не прави дела спротивни на државните интереси

од Vladimir Zorba

„Ѓорге Иванов има уставна обврска да ја почитува мнозинската волја на 700.000 граѓани преточена во 67 пратенички мандати.

Иванов ќе добие и официјално известување од новиот собраниски претседател дека е демократски формирано легитимно парламентарно мнозинство и дека мора да постапи согласно Уставот и волјата на граѓаните и да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да ја формира новата Влада.

Веќе постои и Програма на новата реформска Влада на унитарна Македонија, така што се исцрпуваат сите досегашни неразумни оправдувања на Иванов со коишто ги штити криминалните интереси на Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, наместо граѓанските и државните интереси.

Македонија ќе добие нова реформска Влада. Иванов ќе мора да го прекине самоволието. Секое дело спротивно на државните интереси е противуставно и казниво“ се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини