СДСМ пријавите ги поднесе во Јавното обвинителство а не во ВМРО-ДПМНЕ. Како тоа ВМРО-ДПМНЕ ја знае содржината на пријавите веднаш по поднесувањето?, прашува СДСМ во својата реакција на соопштението што ВМРО-ДПМНЕ го упати до јавноста попладнево.

„Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ се најде повикана да реагира за поднесување на кривични пријави кои се во сферата на правото и правосудството.

Скандалозно е тоа што Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ оценува дали поднесените кривични пријави се основани или неосновани.

СДСМ пријавите ги поднесе во Јавното обвинителство а не во ВМРО-ДПМНЕ. Како тоа ВМРО-ДПМНЕ ја знае содржината на пријавите веднаш по поднесувањето?

ВМРО-ДПМНЕ со Јавното обвинителство функционира како еден орган.

Објавувањето на вистината за Македонија покажа дека криминалното владеење на Никола Груевски и неколкумина негови соработници е директно поврзано со спрега на релација власт – судство.

Целата јавност во Македонија се увери како Груевски и Мијалков, со неколкумина соработници местат судски и обвинителски одлуки, избори и разрешување на судии, претседатели на судови.

Денеска, ВМРО-ДПМНЕ сето тоа го потврди со нивното соопштение“, порачува СДСМ.

Слични содржини