Во виртуелниот свет на инвестиции и вработувања на Никола Груевски, минатата година граѓаните на Р.Македонија беа повторно излажани дека доаѓа светската компанија Веибо груп којашто требаше да вработи 5.600 луѓе од Крива Паланка, Ранковце, Кратово и Куманово.

сдсм седисте

Од виртуелните инвестиции на Груевски остана само изорана ливада и нула нови работни места.

Последните информации говорат дека Веибо груп во октомври годинава најавила дека инвестицијата сепак ќе ја реализира ама во Врање, соседна Србија.

Ова не е прва компанија којашто решила својот капитал да не го инвестира во Македонија.

И данската Грудхост на крај се одлучи својата инвестиција да ја реализира во Србија.

И странските компании разбраа дека во Македонија има Undoing business услови за водење бизнис штом се решаваат својот капитал да го инвестираат во соседните земји.

Пад на девизните резерви од 100 милиони евра на квартална основа

Undoing business условите за водење бизнис во Македонија ги натераа и домашните фирми и бизниси се почесто да се селат во соседна Србија заради подобрите услови што им ги нуди за работа.

Во виртуелниот свет на инвестиции и вработувања на Груевски од неодмана 1000 рудари од Тораница и Злетово останаа без работа. Уште една компанија, индиската Индо Минерали ја напушта Македонија.

Груевски ветуваше над 307 милиони евра странски директни инвестиции коишто никогаш не се реализираа.

Македонија е последна во Европа и регионот по странски директни инвестиции како резултат на погрешните економски политики на Груевски.

Виртуелните инвестиции на Груевски носат нула работни места!

Граѓаните знаат и повеќе не им веруваат на лажните ветувања.

Граѓаните имаат идеја: Збогум Никола!

Слични содржини