СДСМ одговори на барањата на СЈО, поднесе предлог измени за Законот за заштита на сведоци

од desk3

Пратеничката група на СДСМ и здружената опозиција, до Собранието на Република Македонија достави барање за свикување итна седница со две точки на дневен ред:

-Предлог закон за измена и дополнување на Законот за заштита на сведоци и

-Предлог закон за измена на Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите или Специјалното Јавно Обвинителство.

Со донесување на овие закони, ќе се поддржат барањата на независната институција Специјално јавно обивнителство со единствена цел: да се овозможи непречена работа и остварување на целта за неговото формирање.

Очекуваме оваа седница на биде закажана во најкус можен рок.

Ги повикуваме сите парламентарни политички партии да се приклучат и да дадат поддршка на оваа иницијатива.

Ги повикуваме и сите пратеници поединечно, без оглед на нивната партиска припадност, да ја дадат својата лична поддршка на донесувањето на овие закони.

При тоа имаме во предвид дека сите тие дадоа отворена поддршка за формирање на ова обвинителство.

Како пратеници и претставници на граѓаните на Македонија, имаме обврска да се заложиме за правда, за крај на кражбата, за почит кон чесните и за казна за криминалците.

Граѓаните имаат огромна доверба во Специјалното јавно обвинителство и оттаму наша обврска е да направиме се што е потребно оваа институција да го расчисти скандалот со прислушувањето и да го отвори патот за правната држава.

Кражбата ќе запре, парите ќе ги вратат!

Правда ќе има!

Слични содржини