СДСМ: Паниката на Груевски од соочување со одговорноста станува се поочигледна

од Vladimir Zorba

timthumb

Информациите за промена на расположението кај граѓаните кои од ден на ден се повеќе се противат на погубните политики на обвинетиот Никола Груевски допираат и до ВМРО-ДПМНЕ.

Токму затоа паниката кај ВМРО-ДПМНЕ и Груевски од соочување со граѓаните станува се пооочигледна. Токму затоа прават се за да не се дојде до избори и до понесување одговорност. Токму затоа сите делувања на ВМРО-ДПМНЕ се во насока на минирање на изборите закажани за 11 декември. И токму затоа претседателот на СДСМ Зоран Заев упати писмо до амбасадорите во кое укажува на намерите на ВМРО-ДПМНЕ за саботирање на претстојните избори.

СДСМ е решена изборите да се случат на 11 декември и од тоа не отстапува. Изборите се неопходен исчекор кон надминување на политичката криза и кон градење на демократски капацитет во државата, вредност која е во интерес и на СДСМ и на граѓаните на Македонија.

Слични содржини