СДСМ: Парите на граѓаните повеќе не завршуваат кај ВМРО-ДПМНЕ туку за повисоки плати!

од Vladimir Zorba

  Опозициската партија не може да се помири со фактот што наместо парите на граѓаните да завршуваат на контото на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, тие, сега се користат за повисока минимална плата, поголема помош за стопанството, повисоки пензии и за трајно решавање на деценискиот проблем со стечајните работници, порачува СДСМ во реакција на денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Граѓаните 11 години сведочеа како нивните пари завршуваа во скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, најбогатата партија во Европа, како нивните пари се трошеа на скапи ручеци, на барокни фасади, панорамски тркала и споменици, додека мнозинството граѓани живееше во сиромаштија и долгови. Затоа денес целата јавност се потсмева кога ВМРО-ДПМНЕ прашува каде се трошат парите на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

За разлика од претходно, се додава, парите на граѓаните веќе не се трошат за криминално богатење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, туку се користат за продуктивни цели и за квалитетен живот за сите граѓани

Слични содржини