PESEV
Најостро реагираме и го осудуваме скандалот во којшто вицепремиерот Владимир Пешевски, физички го нападна сопственикот на порталот Мактел, Саше Ивановски, за време на извршување негова работна задача.

Овој насилнички и нецивилизиран однос на заменик премиерот Владимир Пешевски е уште еден доказ какви нелуѓе седат во Владата на Никола Груевски.

Денешниот инцидент со физичкиот напад на Пешевски врз Ивановски покажува каква нервоза владее меѓу соработниците на Никола Груевски, по вчерашниот договор за нова Влада без Груевски, којашто треба да спроведе слободни и фер избори.

Инцидентот во којшто вицепремиер напаѓа човек и тоа сопственик на портал, за време на извршување на неговите работни должности не смее да остане без одговорност.

Најблискиот соработник на Груевски, Владимир Пешевски за овој брутален и срамен чин мора веднаш да поднесе оставка од функцијата заменик претседател на Владата.

Слични содржини