СДСМ: По промените ќе има реални работни места, повисоки плати и живот

од Vladimir Zorba

Граѓаните избраа промени затоа што сакаат реални вработувања и повисоки плати и тоа може да им го овозможи и ќе им го овозможи само нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија.

Граѓаните знаат дека Никола Груевски само зборува, но ништо добро не донесе во нивните животи, напротив огромна сиромаштија и беда додека неговата фамилија отвораше оф шор фирми по рајските острови.

Над 500.000 граѓани живеат под работ на сиромаштија.

Најмалку 626.312 луѓе заминале од земјава во странство, најголем број млади, најмногу поради тоа што немат шанса за егзистенција.

Завршено е со неодговорни, насилни политичари како Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, така избраа мнозинството граѓани.

Ќе има повисок стандард, силни домашни фирми, повисоки плати, нови вработувања и живот во Македонија. Незапирливи се промените, соопштуваат од СДСМ.

Слични содржини