СДСМ под реден број 19, ВМРО-ДПМНЕ под реден број 13 на локалните избори

од desk2

Овластените претставници на подносителите на листи на денешната седница на Државната изборна комисија ја извлекоа жрепката за редните броеви под кои ќе настапат политичките партии и независните кандидати на претстојните локални избори, што ќе се одржат на 15-ти октомври.

Прва на гласачкото ливче ќе биде СДПМ, втора Коалицијата Алијанса на Албанците и НДП, трета ДУИ, четрврта Коалицијата за Битола – ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците, петта Коалиција Заедно за Гази Баба предводена од БЕСА, шеста НДМ, седма ВМРО-ДПМНЕ, осма Народно движење на Турците, деветта Алијанса на Албанците, 10-та е ТМРО, 11-та е Демократската парттија на Турците, ГРОМ е 12-ти, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е 13-та, БЕСА е 14-та, ДПА е 15, Левица е 16, ПДП е 17, Сојуз на Роми е 18, а СДСМ е 19-та.

Листите на кандидати за членови на совет и листите на кандидати за градоначалник, кои се поднесени од ист подносител ќе имаат ист реден број во сите општини. Во општината каде што нема свој претставник соодветниот број на подносителот ќе биде изоставен и на негово место ќе биде напишан редниот број на наредниот носител без оставање на празно место. Според роковникот за локалните избори, најдоцна до 21 септември, општинските изборни комисии треба да ги објават листите на кандидати за членови на совет и за градоначалник. Во оние општини во кои најмалку 20 отсто од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, се објавуваат покрај на македонскиот и неговото кирилско писмо и на службениот јазик и писмо што го употребуваат граѓаните во таа општина. Денеска завршува и рокот од пет дена до кога политичките партии ќе можат да достават барање за запишување, дополнување или бришење на податоци од Избирачкиот список.

Слични содржини