Предлог законот што го доставивме до Собранието со кој се бара укинување на екстерното тестирање веднаш, е предложен по скратена постапка бидејќи не е обемен, и се очекува да биде ставен на дневен ред на првата наредна седница.

Ова го изјави пратеникот на СДСМ Стефан Богоев кој со неговите сопартијци и пратеници Ивана Туфегџиќ и Петар Атанасов денеска имаа средба со матуранти, наставници, професори на која се разговараше за укинувањето на екстерното тестирање, како и за реформите во образованието кои се предвидени во Програмата на новата влада.

Како што соопшти СДСМ, според Туфегџиќ, укинувањето на екстерното тестирање е прв чекор во сеопфатните реформи во образованието, а сега, посочува, е приоритетно тоа да се укине за да сопре малтретирањето и на децата и на родителите и на професорите.

Учениците, професорите, наставниците, се наведува, ја поздравиле иницијативата за укинување на екстерното тестирање и го повториле ставот дека тоа не носи вистински промени, туку само предизвикува стрес кај сите засегнати страни, како и дека се согласуваат со опредлбата на новата влада дека мора да има нов систем на евалуцаија базиран не на казни, туку на награди и мотивација на учениците, наставниците и професорите и училиштата.

– Важно е државата да ги помогне и поддржи наставниците, да ја поддржи наставата, бидејќи ни е важно секое дете кое ќе помине низ образовниот систем, да добие знаење кое реално ќе му користи во животот, порача Атанасов

Слични содржини