Македонија мора да оди напред и парламентарното мнозинство ги презема сите потребни чекори за тоа. најавува во денешното соопштение СДСМ

Реафирмацијата на Програмата на новата Влада на унитарна Македонија, која ќе работи според Уставот во интерес на евро-атлантските перспективи ги разбива сите неразумни аргументи околу мандатот што Ѓорге Иванов е неопходно брзо да го даде.

Од исклучителна важност за стабилизација на државата е сите политички лидери и институции да се постават на ниво на одговорноста и да овозможат да продолжат демократските процеси.

Ќе има нова Влада затоа што е тоа изборна волја на мнозинството граѓани.

Парламентарното мнозинство, како што вети, нема да го дозволи хаосот што го планираат Никола Груевски и соработниците за да го избегнат соочувањето со правдата и веќе е договорено да се направат законски измени со коишто ќе биде утврден датумот за локалните избори, а во меѓувреме ќе биде продолжен мандатот на досегашните локални власти.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ, поддржано од Иванов веќе нанесе штета на граѓаните со тоа што ги остави 5 месеци без нова Влада, а од вчера и без градоначалници и советници. Вработените во општинските институции поради блокадите од ВМРО-ДПМНЕ и Иванов веќе се во ризик да не примаат плата, а граганите не можат да ги добијат потребните општински услуги.

Граѓаните и домашната и меѓународната јавност очекуваат од Ѓорге Иванов да престане да ги поддржува деструктивните политики на Груевски и соработниците и да постапи според граѓанските и државните интереси.

Повикуваме разумните политичари во ВМРО-ДПМНЕ да се постават конструктивно, партијата да престане со приземните политики на задоволување лични интереси на поединци и конечно да покажат одговорност кон граѓаните и државата.

Согласно Деловникот, Уставот и законите е избран новиот собраниски претседател. Согласно Уставот, Деловникот и законите ќе биде избрана и новата реформска Влада, најавуваат од СДСМ .

 

Слични содржини