Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во целост ја демантира веста објавена на порталот „Прес 24“.

Во породолжение деманото на СДСМ:

zaev

Очигледно паниката и стравот кај Никола Груевски од ширењето на вистината за Македонија до крајни граници ги доведе манипулациите и невистините во нарачаните текстови.

Целосна лага е тврдењето на „Пресс24“ дека Претседателот на СДСМ бил повикан во Јавното обвинителство да даде изјава за предметот Пуч.

Screenshot_3

Претседателот Заев e повикан од Обвинителството во врска со кривичната пријава поднесена од СДСМ, како сведок-оштетен, за доставување на дополнителни материјали.

Поради претходно утврдена дневна агенда на Претседателот Заран Заев и бројни средби, меѓу кои и со меѓународни претставници, од Обвинителството писмено е побаран друг термин.

Објавувањето на информации од Јавното обвинителство, кои потоа лажно се пласираат преку провладините медиуми е уште една срамна потврда до каде оди контролата на власта над судството и медиумите.

Слични содржини