СДСМ: Програмата на новата влада ја штити унитарноста на државата

од Vladimir Zorba

Програмата на новата реформска влада, која ќе донесе промени во Македонија, е единствената реална платформа што ја гарантира унитарноста, слободата, демократијата и еднаквоста на сите граѓани, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените што ги издаваат државните и национални интереси на граѓаните на Македонија преку конфликтите, насилството и инцидентите што ги предизвикуваат со домашната и со меѓународната демократска јавност, за да го заштитат криминалот, да се спасат од одговорност и да спречат мирен трансфер на власта – се вели во соопштението на СДСМ.

Во него се додава дека „ниту една закана, ниту едно прекршување на Уставот од страна на Ѓорѓе Иванов и на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречат демократските процеси кои се случуваат“./META

Слични содржини