СДСМ: Референдум се одржа на 15 октомври, граѓаните ги казнија политиките на делби и конфликти

од desk4

„ВМРО-ДПМНЕ не знае како да го сокрие својот изборен пораз на слободни и фер избори.

Референдум веќе се одржа минатата недела.

Резултатите од првиот круг на локалните избори недвосмислено ја докажуваат јасната поддршка на граѓаните за заедништвото и соработката за кои се определи Македонија, наспроти непријателството и омразата што ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски ги ширеа 11 години.

Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија затвора долгодишно отворено прашање, истиот е во интерес на двете држави и нивните граѓани и е добар за националните и државни интереси на Република Македонија.
Реформска Влада предводена од СДСМ води политика на пријателство и соработка и ги решава сите отворени прашања кои Република Македонија ги има во надворешната, но и во внатрешната политика.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ се уште има сомнежи дали треба да ги поддржи политиките кои ја водат Македонија напред нека се потсети на резултатите од 15 октомври кога граѓаните масовно гласаа против нивните политики на поделби, конфликт и изолација“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини