СДСМ: Режимот на ВМРО-ДПМНЕ од Македонија направи заробена држава

од Vladimir Zorba

Апсурдно и лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години системски ја партизираше државата, воспостави масовна контрола врз институциите и грубо се пресметуваше со неистомислениците, денес да обвинува за партизација и за режим, се вели во реакцијата на СДСМ, на прес-конференцијата на Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

„Режимот на ВМРО-ДПМНЕ затвораше медиуми, апсеше и притвораше новинари, монтираше судски случаи и преку злоупотреба на институциите се одмаздуваше кон неистомислениците, со што од Македонија направи заробена држава, изолирана од демократскиот свет“, велат од СДСМ.

Од партијата нагласуваат дека Владата преку рефомскиот план „3-6-9“ почнала со сериозни реформи во јавната администрација, во судството, медиумите и во борбата против корупцијата за ослободување на институциите што ВМРО-ДПМНЕ ги заробила.

Слични содржини