СДСМ се поблиски до влада и премиерска позиција

од Vladimir Zorba

Заев ќе биде идниот премиер. Тука повеќе никој нема дилеми

“24 вести” пишува дека Законот за двојазичноста е камен кој ги вчече преговорите, а ДУИ не сака да брза, Други  информации  од партијата на Али Ахмети се дефинитивно блокирани. Тие не бегаат од тоа дека ќе се најде решение, но одбиваат да соопштат временска рамка.

Опозицијата е оптимистички настроена. Од партијата на Заев сметаат дека документот што го испратија до ДУИ е гаранција за брзо собирање на потписи за формирање на нов владин кабинет.

Кај прашањата за  СЈО, ЕУ и НАТО, СДСМ и ДУИ нашле заеднички јазици, а на маса се и изборните програми на партиите. Се зборува и за поделбата на позициите.

Од СДСМ  исто такаа немаат дилеми дека идниот премиер ќе биде лидерот на партијата Зоран Заев. Тука нема никој повеќе дилеми, и отпаѓаат сите шпекулации дека  e можно таа позиција да му биде отстапена на некој друг.

И во ВМРО ДПМНЕ исто се изјаснија дека тие за единствен премиерски кандидат од нивна страна го сметаат само Никола Груевски. Тоа тој и лично го соопшти дека тој, и само тој може да биде иден премиер, одговарајќи на шпекулациите дека би било прагматично тој да се тргне од партијата, а на негово место да дојде евентуално Никола Тодоров или Никола Попоски.

Она што исто така е отфрлено во овие преговори се нови избори веднаш, или заедно со локалните избори. Нема шанси за такво нешто исто како што нема теорија за широка влада, велат од СДСМ.

Многумина познавачи на состојбите велат дека не се сигурни ниту за датумот на локалните избори, и тие може да бидат помесетени за јуни, иако интензивно во сите партии веќе течат процесите за избор на градоначалници, советници, и покренување на машинеријата за подготовки на кандидатите. СДСМ веќе тестира три имиња за градоначалник на Скопје.

Во меѓувреме  продолжува усогласувањето на понудениот пакет на СДСМ до ДУИ и останатите партии во албанскиот корпус. Беса се изјасни дека е на страната на СДСМ и заедничката платформа која е на маса. Алијанса за Албанците вчера најави лидерска средба на претседателите на ДУИ и Алијансата за Албанците, но ниту Али Ахмети, ниту Зијадин Села дојдоа. Наместо Ахмети, на средбата учествуваа потпретседателите на ДУИ Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити, додека од Алијанса за Албанците беа Арбен Таравари, Агрон Ферати, Арта Точи и Флакрон Беџети. Ниту една од партиите не соопшти која е причината за промената на форматот на средбата, ниту дадоа посебни детали за средбата.

Според Арбен Таравари од Алијанса на Албанците, средбата минала во конструктивна атмосфера. Приликата ја искористи за повторување на ставот за важноста од исполнување на сите точки од документот без притоа да прави разлика кој би формирал Влада. И едните и другите избегнаа да кажат дали предлозите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, биле предмет на опсервација на бипартитната средба.

„Средбата на работните групи беше во духот на платформата и мина во конструктивна атмосфера. Разменивме ставови и разговаравме за сите точки за кои сметаме дека се важни. Исто така можам да ја третирам средбата како конструктивна бидејќи отворено разговаравме за тие точки што се многу важни и особено оние точки што доближуваат Македонија кон НАТО и ЕУ“, порача Теута Арифи од ДУИ.

Сепак во ДУИ е одговoрот, тоа го знаат сите, затоа што генерално другите партии на Албанците влегуваат во пакетот на Зоран Заев. ДУИ имаат проблем, и криејќи се oд платформата тие имат многу посуштествен проблем за нив, а тоа е  како ќе се оди на локалните избори. Тие знаат дека таму ќе му се пресуди на ДУИ, и многу бргу ќе ја изгубат „златната акција“  на егзекутор, за новата влада, која улога максимално ја користат. Колку за убрзување на Ахмети во оптек се неколку варијанти, велат од проесдесовските струи во ДУИ, но ќе биде доволно Ахмети да се натера на нови избори, како што бара Груевски, и целиот пакет ќе се усогласи за неколку дена. Впрочем такви се и најавите.

Слични содржини