СДСМ: Следува процес на формирање Влада, потребна е зрелост од сите

од Vladimir Zorba

„Упатуваме на потребата од зрелост од сите политички субјекти, институции, вработени и поединци, според законките обврски, личната одговорност и согласно државните интереси да се овозможи формирањето на новата Влада.

Писмото од новиот собраниски претседстел, Талат Џафери, до Ѓорге Иванов е обврска за Иванов да ги стави на страна личните интереси за бегство од правдата на Никола Груевски и да постапи според уставната обврска кон граѓаните на Република Македонија.

На Република Македонија и се потребни стабилност и реформи за да исчекори кон евро-атлантските интеграции и да обезбеди квалитетен живот за граѓаните.

Тоа е предвидено во Програмата на новата реформска Влада која што ја очекува и домашната јавност и Европската унија.

Пораките од Брисел по посетата на новиот собраниски претседател Талат Џафери се јасни, легитимно е избран и признаен новиот собраниски претседател, се чека во брзо време изборот на новата реформска Влада.

Следува реафирмација на владината Програма што ја штити унитарноста на државата и обезбедува правда и живот за сите граѓани.

Новата Влада, исто како и новиот собраниски претседател, ќе биде избрана согласно Уставот, Деловникот и законите на Македонија.

Секое попречување на трансферот на власта и секое незаконско делување е казниво според постоечките закони“ се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини