СДСМ: Со измените на Законот за употреба на јазиците не се загрозува уставната положба на македонскиот јазик

од desk4

„Измените на Законот за употреба на јазиците, што Собранието ги усвои денеска, се во согласност со Уставот на Република Македонија и амандманот 5, донесен пред 17 години.

Со усвоените измени не се загрозува уставната положба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик на целата територијата, како и во меѓународните односи, а се унапредува употребата на јазиците на сите заедници во Република Македонија.

Кукавички и неосновани се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку имаше било какви аргументи за лажните тврдења пратениците на ВМРО-ДПМНЕ можеа да присуствуваат и да ги бранат на денешната собраниската седница, наместо да бегаат.

Останува фактот дека на овој начин ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема капацитет да ги надмине политиките на создавање вештачки поделби меѓу граѓаните.

Граѓаните одамна ги поразија деструктивните политики и дадоа силна поддршка на демократските процеси што носат придобивки за сите граѓани и ја градат Македонија како едно општество за сите“ се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини